click below
click below
Normal Size Small Size show me how
eksterno
| Question | Answer |
|---|---|
| Комуникацијата меѓу луѓето се одвива со помош на јазикот како средство за: | општење |
| Согласката Д по звучност прави пар со безвучната согласка: | т |
| Согласката З по звучност прави пар со безвучната согласка: | с |
| Именките кои означуваат збир, односно множество од предмети и суштества кои претставуваат целина ги викаме: | збирни |
| „Република Македонија има мултиетничко население“. Во оваа реченица збирна именка е: | население |
| „Јанко задоцни на првиот училиштен час“. Во оваа реченица бројна придавка е: | првиот |
| Како гласи личната заменка во трето лице еднина? | тој,таа,тоа |
| „Ова лето беше многу топло“. Во оваа реченица показна заменка е: | ова |
| Со помош на глаголите искажуваме: | дејство,работа,состојба |
| Според времето на случување на дејството, глаголите може да бидат искажани во: | сегашно,минато и идно време |
| Глаголите во сегашно време искажуваат работа, дејство или состојба која се одвива: | во моментот на зборување |
| Зборовите ние, вие, тие се: | лични заменки во множина |
| Зборовите оној,оваа,тоа,се: | показни заменки |
| Зборовите Андријана,Ермира и Елвис означуваат име на: | суштества |
| „Надвор врне“.Според составот реченицата е: | проста |
| Реченица во која има само еден глагол е: | проста |
| Јазикот е природно средство за меѓусебно општење меѓу луѓето. Тоа значи дека луѓето: | комуницираат |
| „Коле стигна прв во салата. Втор дојде Фати. А Валбона и Весна се сместија во четвртиот ред. Сите дојдоа да навиваат за кошаркарската репрезентација на Македонија.“ Каков вид придавки се употребени во претходниот текст? | бројни |
| „Ја избриша прашината од мебелот во дневната соба“. Во оваа реченица зборот мебел означува: | збирна именка |
| „Кога ќе си дојдеш дома праша мама“. Кои интерпункциски знаци недостигаат во исказот? | црта и прашалник |
| „Бабината пита е највкусна“. Во оваа реченица зборот бабината претставува: | присвојна придавка |
| Спротивно значење на зборот куќиште има зборот: | куќичка |
| „Пасеше, зелена и сочна тревичка“. Од реченицата дознаваме дека тревата била: | зелена и сочна |
| „Постојано пееше во третиот ред на „десеттото„ место од ѕидот“. Подвлечените зборови во реченицата претставуваат: | бројни придавки |
| „Баба често гледа ТВ - серии“. Тоа значи дека таа гледа: | телевизија |
| „Си станал мажиште!“ Тоа значи дека тој станал: | голем маж |
| Како треба да гласи именката „рака“ кога означува нешто намалено? | раче |
| Во реченицата: „Рипчињата во аквариумот го мамеа погледот на Жарко“. зборот рипчиња може да го замениме со: | тие |
| „Кате ги полева цвеќињата“. Оваа реченица нема да го измени своето значење ако зборот полева го замениме со: | навадува |
| „Облаците и сонцето си поигруваа на небото“. Во оваа реченица зборовите облаците и сонцето може да ги замениме со: | тие |